Пелагониското дерби ќе се игра во Битола

Прилепска Победа ќе игра против Пелистер в недела од 17.30 часот во првото коло на Првата лига во Битола.

Откако добија „зелено светло“ и од ФММ од управата на Победа вечерва треба да официјализира дека за првпат во историјата ќе му биде домаќин на Пелистер во Битола. Прилепчани од утре започнуваат со деталите околу организацијата на натпреварот, а се очекува голем број нававивачи со автомобили, редовни автобуски и железнички линии да пристигнат во Битола.

Победа најверојатно сите домашни натпревари до санацијата на новиот тревник на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп ќе ги игра во Битола.