Пелистерци пристигнаа во Софија, утре ќе играат меѓународен натпревар со ЦСКА

Битолски Пелистер утрово пристигна во Софија, пред утрешниот меѓународен пријателски натпревар против бугарскиот клуб ЦСКА од Софија.

Екипата на Наум Љамчевски одлично го почна шампионатот на ПМФЛ, а подоцна и покрај добрите партии влезе во период од пет кола без победа и сега ќе може да тестира пред пелагониското деби.

Македонската екипа денес го одржа и тренинг пред натпреварот во Софија, а утре дуелот почнува во 15.00 часот по македонско време.