Пелистерци се тестираа, па в сабота започнуваат со подготовки

Со денешното тестирање на ковид-19, официјално започна новата сезона за новиот прволигаш Пелистер од Битола. Тренерот Зоран Штерјовски, неговиот стручен штаб, целиот логистички тим, Управниот одбор и фудбалерите ги извршија потребните тестови и утре ќе ги добијат резултатите.

Доколку тестовите се негативни, в сабота пелистерци ќе ги „запалат моторите“ и ќе ги стартуваат подготовките за новите предизвици. Планот за подготовки деновиве ќе биде дефиниран, откако Фудбалската федерација на Македонија ќе ги одреди термините за стартот на новата сезона.

На денешното тестирање беа присутни и трите засилувања Талески, Илиески и Танушев.