Пелистерци стартуваат на 13 јануари

Тренерот на Пелистер, Зоран Штерјовски, зимските подгоровки ги закажа да стартуваат на 13 јануари, а до тогаш управата на клубот ќе се обиде да најде засилувања на неколку места.

По прозивката и тренинзите во Битола, тимот на Штерјовски ќе одигра и пет контролни средби, а по првата контрола против Тиквеш, Пелистер ќе игра и со Беласица, Брегалница, Струга Трим Љум и Кит Го за последна проба.

Пелистер во Втората фудбалака лига – Запад, е лидер на табелата со 27 бода, два повеќе со амбиции во идната сезона да биде прволигаш.