Пелистерци убедливо поразени во Велес

Борец – Пелистер 3-0 (1-0)

Играно на гратски стадион- Велес, без публика

Главен судија: Марјан Ецковски од Охрид

Стрелци: Ристовски 26 и 77, Десниќ во 85 минута

Жолти картони: Пеев, Силва (Борец) Спиркоски (Пелистер)

Борец: Мустафа, Ристовски, Стоименовски, Стојчевски, Трајановски, Коцев, Прелчец, Силва (Десниќ), Ристовски (Митров), Станковски (Ѓоргиев), Пеев (Трајков)

Пелистер: Талески, Илиевски, Спиркоски, Хот, Бошковски, Кочоски, Николовски (Поповски), Фазлију, Драгарски, Илиески, Нето (Пејаковиќ)

Фудалерите на Пелитер во Битола се враќаат со нов пораз, од Велес со 3-0 (1-0), головите на Ристовски и Десниќ, иако се надеваа на позитвен резултат.

Во 29. минута беше проигран Ристовски кој од десетина метри од страна биеше прецизно за водство на Борец.

Вториот дел се играше во исто темпо како првото полувреме, а во 77. минута Ристовски повторно со прекрасен удар на втора статива стави крај на сите надежи на фудбалерите од Битола за пресврт и зголеми на 2:0. Борец дојде до убедлива победа со последниот гол на натпреварот на Десниќ во 84. минута.

По 11 одиграни кола екипата на Пелистер е на 9 место со 12 бодови.

Во следното 12. коло по репрезентативната пауза Пелистер гостува кај Академија Пандев.