Пелистер ги започна зимските подготовки

Под раководство на тренерот Дарко Крстески и неговиот помошник Димче Ристевски денес на стадионот „Павел Шатев“ екипата на Пелистер во комплетен состав ги продолжи подготовките.

„Денес сме комплетни и започнуваме посеиозно со работа, по првиот ден кој го имавме вчера. Сите се комплетни и како гледате самите работиме под полна пареа. Утре продолжуваме со работа на стадионот  во Кравари, за да го чуваме тревникот на Градскиот стадион, а таму ќе работиме во снегот, а токму таков тренинг во оваа фаза на подготовки ни е потребен“, вели Крстески.

На прозивката беа сите засилувања кои ги има обезбедено Пелистер, Филип Трајчевски, Андреј Петковски, Горан Ганчев, Ристе Маркоски, Петар Љамчевски и Сашо Шоповски, а секако дека се очекуваат и нови засилувања.