Пелистер го надигра Велазерими и се зацврсти на врвот

Фудбалерите на Пелистер со победата на екипата на Влазерими се зацвсти на табелата на Втората фудбалска лига – Запад по седмото коло.

Пелистерци победија со 3-1, освоија три бода, а директните конкуренти за врвот одиграа нерешено и освоија по еден бод, па така Пелистер е прв пред второпласираната Дрита и третопласираните Лабуништа. Стрелци за Пелистер беа Бујчевски од пенал и два гола на Главевски. Натпреварот се отвори неповолно за избраниците на Дарко Крстески бидејќи Влазерими поведе во првата минута со голот на Дани. Но, радоста на гостите траеше многу малку, бидејќи Пелистер брзо израмни со голот на Бујчевски кога пеналот го претвори во гола во 5. минута. Филип Бошковски беше срушен во казнениот простор, а пеналот оправдано досуден.Во второто полувреме започнаа Шопоски и Симјаноски, а потоа и Маневски и Пелистер ја имаше целосната иницијатива. Вториот гол “падна“ во 59. минута, кога по ударот на Шопоски, Благојче Главевски постави нога, а топката заврши во мрежата на гостите.

Во судиското време по изминувањето на 90. минута, Благојче Главевски ја потврди победата со убав гол кој го постигна од десната страна во казнениот простор.