Пелистер го надигра Љуботен и обезбеди осминафинале на Купот

Пелистер – Љуботен 4-0 (0-0)

Пелистер убедливо го победи Љуботен во Битола во рамките на Купот на Македонија во првата рунда убедливо со 4-0 (0-0). Сите голови беа постигнати во второто полувреме, прво Хот го отвори резултатот, Маневски зголеми на 2-0, а потоа двапати стрелаше и Фазлиу.

Гостинот на стадионот под Тумбекафе во Битола, одолеваше едно полувреме, но во финишот доживеа убедлив пораз.

Резултатот се отвори во 58. минута, кога Хот успеа да поведе 1-0, а во 77. минута Маневски зголеми на 2-0. Потоа, два гола постигн Фазлиу, во 78. и 82. минута, за конечни 4-0.