Пелистер го победи Осогово и обезбеди осминафинале на Купот

Фудбалерите на Пелистер се пласираа во осминафиналето на Купот на Македонија, откако во Кочани го совладаа третолигашот Осогово со 0-1. Единствеиот гол го постигна Благојче Главевски на средина од второто полувреме. Натпреварот го одбележаа интервенециите на голманот Ристевски и тешката повреда на рамото на Благојче Марковски.
Пелистер:
Ристевски, Тодоровски, Илиевски, Котевски, Илијовски, Главевски, Коњарски, Бошковски, Здравевски, Марковски, Трајковски