Пелистер го претстави Иванов и го затвори преодниот рок

Битолски Пелистер во еден ден доведе уште едно засилување за ростерот на Зоран Штерјовски. По обезбедувањето на потписот на младинскиот репрезентативец на Албанија, Фазлиу, „зелeно-белите“ го преставија и Димитар Иванов.

24-годишниот фудбалер од Скопје има долгогодишно искуство настапувајќи ширум македонските терени, а негов последен тим беше Тиквеш, каде есенската полусезона од ВМФЛ.

Десното крило е петтото засилување на пелистерци оваа зима, а второ во офанзивата по Фазлиу кој во Битола се пресели од Работнички.