Пелистер го претстави новиот дрес за оваа сезона

Денес на официјалната прес-конференција ФК Пелистер ги изненади своите навивачи. Клубот ги промовираше новите дресови кои го носат логото на клупскиот акционер ЗК Пелагонија.

Дресот останува со препознатливите зелена и бела боја и првпат пелистерци ќе ги носат в недела на пелагониското дерби против Победа.

Новите дресови од следната недела навивачите и симпатизерите на клубот ќе можат да ги набават во продавниците на Интерспорт.