Пелистер двапати водеше, а „лавовите“ двапати израмнуваа

Во третото коло на македонскиот шампионат, фудбалерите на Пелистер кои имаа максимален ефект по првите две натпревари, на гостински терен против Македонија Ѓ.П. одигаа 2-2 (1-1).  За ѓорчепетровци денешниот бод е нивни прв во новиот шампионат. На овој натпревар фудбалерите на Пелистер имаа подршка и од своите навивачи, популарните „Чкембари“.  Почетокот им припадна на домаќините, кои имаа иницијатива во првите 20-тина минути, но не успеаа да го совладаат голманот на битолчани. Тоа што не им успеа на домаќините им успеа на гостите, кои со голот со глава на Љамчевски во 25. минута поведоа со 1-0.  Во продолжение „лавовите“ се обидуваа да стигнат до израмнување имаа шанса преку Костовски во 42. минута, но биеше само во гредата, Сепак домаќините пред одморот во 42. минута по една грешка на одбраната на Пилестер израмнија на 1-1, а голот го даде Матеј Цветковски.  И на стартот на вториот дел домаќините подобро отворија, но гостите од Битола први погодуваа. Со голот на нововлезениот Лукас Фереира во 58. минута Пелистер поведе со 1-2.  Радоста на битолските фудбалери кратко траеше, бидејќи во следната акција „црвено жолтите“ со вториот гол на Цветковски израмнија на 2-2. Во следните 15-тина минути се играше главно на средината на теренот без многу шанси за гол.  До крајот домашните фудбалери беа тие кои повеќе ја посакуваа победата, за разлика од битолчани кои се задоволија со бод и реми исходот од 2-2 според прикажаното од двете екипи се чини е најреалнo од денешниот дуел.