Пелистер дебитира со Црнобуки, па следат четири теста во Охрид

Тековните подготовки на битолски Пелистер ќе се одвиваат без посебни проблеми. Се работи по двапати на ден, на терените во Кравари и на Градскиот стадион. Засега се оди според планот. И така ќе биде се до 7 февруари кога ќе се стартува со пријателските мечеви. Засега договорени се со Победа (10.02), Металац (13.02), Тетекс (17.02), Тиквеш (20.02). Сите овие контроли ќе се играат во Охрид.