Пелистер донесе бод од гостувањето кај Генч Калемлер

Во израмнет и возбудлив дуел, Пелистер од Гостивар се врати со реми и освоен бод против новиот второлигаш Генч Калемлер. Со истиот ривал пелистерци не се изнаиграа во Битола и загубија со 1-4.

Генч Калемлер – Пелистер 0-0

Стадион во Гостивар: Гледачи: 500
Главен судија: Константин Влахо
Асистенти: Бранко Путилин и Мервин Топојани (сите од Скопје)
Стрелци: нема
Жолти картони: Љоки, Чајани, Алији, Симоновски (Генч Калемлер), Момировски, Главевски, Ристевски (Пелистер)
Црвени картони: нема

Генч Калемлер:
Јашар, Љоки, Чајани, Алији, Симоновски, Белули, Менга, Даути, Бекир, Хасан, Абдуловски

Пелистер:
Ристевски, Момировски, Главевски, Коњарски, Неданоски, Наумоски, Илијовски, Илиевски, Колески, Марковски, Анѓелески

Во следното коло Пелистер го пречекува Гоблен од Куманово следната сабота од 13:30 часот во Битола.