Пелистер елиминиран од Купот по изведување на пенали

Ренова – Пелистер 2-2 (0-2) 6-5 по изведување на пенали

Пелистер од Битола е елиминиран од осминафиналето од фудбалскиот Куп на Македонија од екипата на Ренова од Џепчиште по изведувањето на пенали 6-5, откако водеше со 0-2, во натпревар во кој имаше и играч повеќе уште од стартот на второто полувреме.

Екипата од Битола водеше со 0-2 до 83. минута од натпреварот со головите на Хот и Фазлиу, од кога до крајот на натпреварот примија два гола по што се изведуваа пенали за пласман во четвртфиналето.

По серија од пет панали и по други два удари од белата точка, вкупно по седум пенали, фудбалерите на Ренова имаа повеќе спортска среќа, извојува победа со 6-5 и на неверојатен начин се избори за четвртфинале на Купот.