Пелистер на пријателски натпревар во Корча

Битолски Пелистер паузата во шампионатот која започнува по саботниот натпревар со Работнички ќе ја искористат со престижен пријателски натпревар.

Една од најдобрите албански екипи, првакот Скендербег од Корча го покани Пелистер за одигрување на пријателски натпревар на 1 септември во Албанија.

Мечот за Скендербег ќе биде генерален тест пред почетокот на албанската лига, а за битолчани силен тест пред продолжувањето на шампионатот.