Пелистер непријатно изненаден пред своите гледачи од Скопје

Фудбалерите на Пелистер непријатно беа изненадени од екипата на Скопје, која ги победи зелено-белите со 2-3 под „Тумбе кафе“, во третиот пораз оваа сезона. Ова е втор пораз на новиот тренер Зоран Штерјовски, по поразот од Работнички од Купот.

Екипата на Скопје уште во првите 20 минути направи разлика од 0-2, со головите на Јусуф и Марковски, а Пелистер успеа во првото полувреме да намали на 1-2 со голот на Бујчевски од пенал.“Пелистерци“ вториот дел од натпеварот го започнаа со иницијатива и желба за израмнување, а како резултат на тоа во 72. минута Борче Маневски израмни на 2-2.

Иако „пелистерци“ се понадеваа и на водство и победа на оваа средба, само што тргнаа од центарот фудбалерите на Скопје го постигнаа и третиот гол, втор на Јусиф, што значеше и победа на гостувањето.Ова е врот пораз од екипата на Скопје оваа сезона за Пелистер, по поразот на гостувањето во Железара, на стартот на сезоната.

Иако е поразен Пелистер останува на врвот на табелата со 20 бода, колку што има и Влазерими, а на трето место по победата во Битола е Скопје со бод помалку, 19 бода.