Пелистер не ги продолжи договорите со четворица фудбалери

ФК Пелистер не ги продолжи договорите со Димитар Иванов, Благоја Љамчевски, Антонио Бујчевски и Благојче Главевски.

„Им посакуваме успеси во наредниот период во нивните нови клубови, и секако дека им се заблагодаруваме за тоа што го дадоа за Пелистер. Како претседател сакам да искажам гнев од она што прочитав во медиумите во однос на отпуштените играчи на ФК Пелистер и во целост да ги демантирам зборовите на Благојче Главевски. Ние како клуб на најдобар можен начин се разделивме од овие играчи, им се заблагодаривме за досегашната соработка и им посакавме многу среќа и успех во понатамошната кариера. Сите обврски кои ги имавме кон нив соодветно ги подмиривме и апсолутно немаме никакви други обврски кон истите играчи. За таа цел ние како клуб сметавме дека во овој момент нам ни се неопходни играчи со поголем квалитет за да бидеме поконкурентни во Првата лига“, рече претседателот Пеце Стојчевски.

Горан Ганчев е приклучен во стручниот штаб на Зоран Штерјовски и започнува нова кариера.

Нови имиња во досегашниот преоден рок во клубот од Битола се Танушев, Талески и Илиески.