Пелистер пак слави во пелагониското дерби

Начи Шенсои со победа стартуваше на клупата на Пелистер, откако во пелагониското дерби играно пред 2.500 гледачи битолчани денес го совладаа комшијата Победа со 2-0 (0-0).

Исто како и во првото коло пелистерци во вториот дел го скршија отпорот на противникот и со истите стрелци Бујчевски и Лукас стигнаа до бодовите.

По израмнетото прво полувреме, домашните заиграа многу подобро во второто и успеаја со головите на Бујчевски и Лукас да слават заслужен триумф. Прилепчани од 16. минута играа со играч помалку, откако Колевски сосема оправдано беше исклучен поради втор жолт картон. Ова е деби триумф на Начи Шенсои, новиот стратег на Пелистер кој за прв пат ги водеше „зелените“ од клупата.

Битолчани следната недела го играат возвратниот натпревар од Купот во Тетово против Ренова, а во следноо коло од шампионатот во Штип му гостуваат на тимот на Брегалница.