Пелистер “подмладен” се појави на „Тумбе кафе“ !

На денешниот тренинг можеше да се забележат две “голобради” момчиња како новитет во тимот на Пелистер но и репрезентативците кои се вратија со успешно завршените ‘задачи’ во младинскиот и сениорски состав .

Пелистер се врати под Тумбе Кафе за редовниот тренинг со две ‘нови лица’ во првиот тим. Се работи за Филип Бошковски (16) и Дарко Божиновски (17) кои по “налог” на тренерот Наџи Шенсои беа повикани во првиот состав на Пелистер кој пред само една недела беа единствената генерација која славеше во ”вечното дерби” против Вардар во Битола во рангот на нивната пионерска школа. Додека пак учинокот на “новопечениот” репрезентативец Тошевски остана симболичен кога беше оставен на клупата за големата победа над Лихтенштајн во Вадуз но затоа доби шанса да дебитира на пријателскиот натпревар со Белорусија во Скопје кога беше заменет со детето на Пелистер , Стефан Спировски во 78-мата минута од натпреварот при резултат (3-0) за Македонија . Mладинскиот репрезентативец Јован Попзлатанов имаше одличен придонес во националниот состав со одличните игри и победи над Црна Гора (2-0) и Бугарија (1-0) забележа одиграни 83′ против Црна Гора како и 20′ против Бугарија на кој натпревар изнуди и пенал кој не го реализира Петар Петковски од Вардар пред крајот на пријателскиот натпревар.

На фотографијата :Јован Попзлатанов (20)  и Филип Бошковски (16) во дуел ( десно пионерска школа на Пелистер )