Пелистер поразен во генералната проба против Кит-Го

Фудбалерите на Кит Го на посакуван начин го завршија подготвителниот циклус пред продолжението од сезоната, со победа (0-1) на гостувањето против Пелистер во Битола.

Стрелец на победничкиот гол за пехчевци беше Дарко Алексовски во 68. минута од пенал, откако во домашниот шеснаесетник беше соборен Ступиќ. Двајцата тренери Штерјовски и Грнев шанса им дадоа на сите фудбалери и веројатно најавија со кои тимови двете екипи ќе дебитираат во првото пролетно коло следната недела.

Пелистер има половичен учинок во подготвителниот период, а Кит-Го, кој се подготвуваше и во Анталија, славеше на голем број од одиграните тест натпревари.

Кит-Го во пролетниот дел во ВМФЛ-Исток влегува од третото место на табелата, додека Пелистер е третопласиран со 24 бода, еден помалку од Влазерими и Скопје.