Пелистер поразен во машка борба од лидерот Шкендија

Пелистер – Шкендија 1-3 (1-1)

Градски срадион под Тумбекафе во Битола
Играно без публика.
Судија: Игор Стојчевски од Скопје
Стрелци: Танушев (п) 5. минута (Пелистер), Ахмеди 23. минута, Дориев 69. минута, Ибраими (п) 86. минута (Шкендија)

Пелистер: Талески, Илиевски, Танушев, Спиркоски, Хот, Фазлиу, Пејаковиќ, Драгарски, Стојановски, Илиески, Алдаир Нето

Шкендија: Захов, Павиќ, Кривак, Бејтулаи, Алими, Ибраими,Ахмеди, Дориев, Нафиу, Незири, Рамадани

Шкендија попладнево во Битола во рамките на 7. коло од Првата македонска фудбалска лига го совлада Пелистер со 1-3 (1-1). Пелистер поведе рано во 5. минута од пенал, Шкендија се врати во игра и постигна три ефектни гола за три бода.Домаќините во Битола по само пет минути Пелистер поведоа со 1-0, со голот на Танушев, а претходни Бејтулаи играше со рака во својот казнен простор.Во 23. минута Шкендија израмни со ефектен гол од слободен удар на Ахмети кој биеше со левата нога преку живиот ѕид.

Во овој дел на играта бележиме и уште една шанса на Шкендија.Вториот дел добро за Пелистер, а во 47. минута Танушев имаше шанса за водство но на празен гол, погоди крај стативата. Во 57. минута бележиме и шанса на Фазлиу за нова шанса за водство. Но, 78. минута Дориев по одличната игра на работ на шеснаесетникот мајсторија упати удар за прво водство на Шкендија.

На четири минути до крајот на натпреварот Ибраими го совлада Талески од пенач и ги постави финалните 1-3.