Пелистер поразен во последната минута во Струга

Струга Трим Љум – Пелистер 1-0 (0-0)

Фудбалерите на Пелистер во судиското надополнување не издржаа и примија гол во 94. минута со кој се поразени минимално со 1-0.

Пелистерци во Струга отпатуваа со желба да не бидат поразени, но за жал со голот во судиското време се враќаат без бодови и со поголема разлика во бодови од лидерот на табелата Струга Трим Љум.