Пелистер поразен во Форино и покрај почетното водство

Пелистер и по поразот во Форино од екипата на Вардар останува лидер на табелата, но сега наместо пет бода предност има само два пред екикипата на Лабиништа.

Во десеттото коло “пелистерци“ се победени минимално со 3-2 (1-1), иако го отвори резултатот и преку Бујчевски поведе со 0-1 на гостинскиот терен. Потоа следуваше израмнување во првиот дел со голот на Ејупи, а во вториот дел Мемеди донесе водство од 2-1 за Вардар.

На триесетина минути пред крајот Шоповски израмни, но само по три минути по израмнувањето домаќините повторно поведоа со 3-2, со голот на Мемеди, негов втор по ред. Фудбалерите на Пелистер не успеаја да дојдат до ново израмнување.ж

По десет кола Пелиsтер е лидер со 20 бода, а следуваат Лабуништа со 18, Влазерими со 17 и Дрита со 15.