Пелистер поразен и на гостувањето во Лабуништа

Во дерби дуелот од 8. коло на Втората лига – Запад, Лабуништа го совлада Пелистер со 2-1 со два гола постигнати во првото полувреме.

Лабуништа – Пелистер 2-1 (2-0)

Стадион во Лабунушта. Гледачи: 500
Главен судија: Дејан Младеновски
Асистенти: Александар Недевски и Борче Џиковски (сите од Скопје)
Стрелци: Клечкароски во 15. и Спиркоски во 21. минута за Лабуништа и Наумоски во 65. минута за Пелистер
Жолти картони: Далчески, Лескароски, Јованоски (Лабуништа) и Илиевски и Трајковски (Пелистер)
Црвени картони: Клечкароски (Лабуништа)

Лабуништа:
Миновски, Клечкароски, Спиркоски, Далчески, Лескароски, Јованоски, Симјаноски, Ѓорески, Реџепи, Шерифи, Мирселовски

Пелистер:
Атанасовски, Наумоски, Илиевски, Трајковски, Илијовски, Коњарски, Анѓелески, Неданоски, Главевски, Колевски, Исмаили

Во следното коло Пелистер го пречекува Кораби во Битола.