Пелистер поразен на гостувањето во Автокоманда

Фудбалерите на Пелистер се поразени на гостувањето во Скопје во рамките на второто коло од Втората фудбалска лига.

Домаќините првиот гол го постигнаа во 37 минута од првиот дел преку Марковски, а во вториот дел од пенал поведоа со 2-0, со голот на Петковски.

Со голот на Јовановски во 85 минута намалија на 1-2, но не успеја да постигнат и втор гол за израмнување.

По двете кола екипата на Дрита има максимално 6 бода, а Пелистер со една победа и еден пораз три бода и се наоѓа на петтото место на табелата.