Пелистер поразен од Работнички и елиминиран од Купот на Македонија

Работнички – Пелистер 4-0 (-:0)

Фудбалерите на Пелистер го завршија играњето во фудбалскиот Куп во осминафиналето откако во Скопје убедливо беа поразени од екипата на Работнички со 4-0 (1-0), или конечен резултат по битолските 1-1, 5-1.

@Дебармаалци“ ја имаа иницијативата на стартот, а првиот гол Работнички го постигна во 32 минута, од пенал, а претходно Ганчев играше со рака во казнетиот простор. Голот го постигна Херера.

Во второто полувреме лоша игра на Пелистер, кој му дозволи на домаќинот да постигне уште три гола. На 2-0 зголеми Марковиќ, а во 63. минута Јевтоски испрати вистински проектил од преку 25 метри за 3-0. До крајот Тошевски од пенал ги постави конечните 4-0.