Пелистер поразен од Ренова во Тетово

Ренова – Пелистер 2-0 (0-0)

Фудбалерите на Пелистер го претрпеа првиот пораз во новата сезона на Првата фудбалска лига. Битолчани со лошо второ полувреме го „положија оружјето“ протви домашната екипа на Османи.

Ренова славеше со 2-0 со головите на Арџенд Гафури во 59 минута и Ремзифаик Селмани во 66 минута.

Пелистер во следното шесто коло му гостува на Шкупи на стадионот во Чаир.