Пелистер почна со припреми, Маневски најголемо засилување

Денес на стадионот под Тумбекафе статтуваа подготовките на фудбалерите на Пелистер, а како беше речено од страна на Управата и тренерот, се ќе биде насочено кон една единствена цел, враќање на Пелистер во Првата лига.

„Минатата година клубот го презедовме во текот на сезоната, а имавме самое една цел, опстанок во Втората лига. Но, сега сме заедно со вас на стартот, но со друга цел, оваа година да се вратиме онаму каде и што му е местото на Пелистер, во Првата лига“, го започна излагањето, сопстеникот на клубот, Пеце Стојчевски, кој не ја испушти приликата да му се заблагодари на сите за изминатата сезона, за која додаде дека ако имало уште некое коло, сега можеби би биле прволигаши.

Стојчевски на фудбалерите им го претстави и новиот спортски директор, Пеце Коруновски, кој е задолжен да ја координира работата на сите кагегории во клубот.

„Ви посакувам успешна сезона вам, а секако заедно со вас и нам, управата, прво здравје, да нема повреди, да направиме атмосфера сите да работиме како еден и на крај да се радуваме“, рече Стојчевски.

Во клубот, има тројца засилувања, Борче Маневски од Балкани-Косови, Мирко Симјано од Неготино и Мики Јовановски од Лабуништа, а заминаа Ристе Марковски-иселенички во САД, Ристе Илиовски, Јовче Трајковски и Петар Љамчевски.