Пелистер ремизираше со големиот Анортозис

Четата на тренерот Срѓан Захариевски одигра 0:0 на пријателскиот меч со силниот кипарски тим.

Добар резултат од 0:0 за нашиот Пелистер на попладневната контрола против Анортозис одиграна во Бугарија. Тоа беше втор меч против екипа од Кипар, за момците на новиот стратег Срѓан Захариевски на подготовките во Банско, по оној неделниот со Неа Саламина кога загубија со 0:1.

Захариевски и на овој меч како и на претходниот, им даде шанса на повеќе свои играчи кои се на подготовките во Бугарија.