Пелистер се засили со голманот Давор Талески

Пелистер денес официјализираше уште едно ново име во своите редови.

Откако во саботата го доведе Ѓорѓи Танушев од Беласица, денес потпис со „зелено белите“ стави и голманот Давор Талески, кој доаѓа од Брегалница Штип.

24-годишниот чувар на мрежата во својата кариера има настапувано за 11 Октомври, Победа, Металург, грчка Лариса, а беше дели и од Хонка во Финска.

Прилепчанецот ќе се приклучи кон ростерот во кој веќе е одличниот Филип Трајчевски. ФК Пелистер деновиве ќе ја објави програмата за работа и подготовките за новата сезона.