Пелистер совладан од Беласица, се наоѓа пред елиминација од Купот

Беласица го совлада младиот тим на Пелистер во Битола со 0-2 во првиот осминафинален натпревар од Купот на Македонија. Струмичани постигнаа по еден гол во секое од двете полувремиња. Реваншот се игра по три недели на „Младост“ во Струмица.

Пелистер – Беласица 0-2 (0-1)

Градски стадион „Тумбе кафе“ – Битола. Гледачи: 200
Главен судија: Јован Качески (Струга)
Асистенти: Жарко Тодоровски (Охрид) и Лазе Чакарески (Струга)
Стрелци: Сулев во 18. минута и Милушев во 74. минута за Белсица
Жолти картони: нема
Црвени картони: нема

Пелистер:
Атанасовски, Исмаили, Илиевски; Наумоски, Бошковски (од 46м. Трајковски), Неданоски, Јовановски, Анѓелевски (од 61м. Главевски), Калевски, Најдовски, Крклински (од 64м. Колески)

Беласица:
Пашовски, Ташев, Милушев, Сулев, Ѓорѓиев (од 65м. Ивановски), Тодоров, Вујчиќ (од 60м. Стојков), Митевски, Калпачки, Дробаров, Серафимовски

В сабота Пелистер гостува против Тетекс во рамките на 6. коло на Втората лига – Запад.