Пелистер со убедлив триумф над Кораб ја започна второлигашката пролет

Фудбалерите на Пелистер под Тумбе кафе ја победија екипата на Кораб, со убедливи 3-0, полувреме и уште еднаш ги потврдија амбициите за Првата лига, во наредната сезона.

Во првото пролетно коло, 15. коло по ред, Пелистер освои три бода и останува на првото место со 30 бода, три повеќе од второпласираната екипа на Скопје.Битолчани започнаа одлично и по акцијата на Иванов по десната страна, по една ничија топка реализирашеБорха, погоди во осмата минута.

Во 31. минута по ударот на Маневски од волеј, топката заврши во дирекот, а на одбиената топка натрча Фазлију и погоди за 2-0. Вториот дел помина изедначено, без некои сериозно шанси за гол по двете страни, а Благојче Главевски кој во игра влезе кон средината на полувремето во “судиското време“ со мајсторски лоб удар ги постави конечните 3-0.