Пелистер ја запиша првата второлигашка радост

Натпреварот Пелистер – Гостивар започна со едноминутно молчење како почит на починатиот Благој Истатов. Пелистер конечно заигра како што од него се очекува и со по еден гол во секое полувреме го победи фаворизираниот Гостивар.
Пелистер – Гостивар 2-1 (1-0)
Градски стадион „Тумбе кафе“. Гледачи: 500
Главен судија: Крумислав Ѓорѓиев (Штип)
Асистенти: Ристо Ѓорѓиев и Кристијан Џонов (Штип)
Стрелец: Главевски во 17. и Наумоски во 51. минута за Пелистер, а Исмаиљи во 61. минута за Гостивар.
Жолти картони: Главевски, Анѓелески (Пелистер)
Црвени картони: Илјази (Гостивар) во 25. минута
Пелистер:
Ристевски, Исмаили, Илиевски, Колевски, Илијовски, Илијоски, Наумоски (од 57м. Неданоски), Главевски, Коњарски, Анѓелевски, Трајковски (од 77м. Здравевски), Калевски (од 65м. Бошковски)
Гостивар:
Иљази, Исмаили (од 75м. Фетахи), Илјази, Демири, Ариф, Бектеши (од 60м. Лазаревиќ), Скендери, Мифтари (од 75м. Мифтари), Османи, Зеќири, Илиевски
Во следното коло, наредната недела Пелистер гостува кај Лабуништа.