Пелистер ќе биде гостин на ЦСКА Софија и ќе одигра пријателски натпревар на 8 октомври

ФК Пелистер ќе ја искористи паузата во шампионатот на Првата лига за одигрување на нов престижен пријателски натпревар надвор од нашите граници.

По мечот во Корча со првакот на Албанија, Скендербег минатиот месец и финалните 0-0, екипата на Наум Љамчевски на 8 октомври ќе му гостува на една од најславните бугарски екипи ЦСКА Софија.

Мечот ќе се игра во главниот град Софија на 8 октомври во 17.00 часот и е убава можност за силен меѓународен тест и промоција на клубот.