Пелистер ќе гостува кај Љуботен во првото коло на Купот

Денес во „Куќата на фудбалот“ беа извлечени паровите за првите натпревари од Купот на Македонија за натпреварувачката сезона 2020/21.

Полуфиналистите од ланското издание Шкендија, Академија Пандев, Брегалница и Струга Трим Љум ќе ја прескокнат првата рунда, а полудиригирана жрепка ги даде следните парови:

Кит-Го – Скопје
Победа – Македонија Ѓ.П.
Љуботен – Пелистер
Слога Виница – Шкупи
Вардар Форино – Вардар
Велешта – Кожуф
Росоман – Беласица
Охрид – Ренова
Лабуништа Тетекс – Силекс
Каменица Саса – Борец
Гостивар – Тиквеш
Вeлазерими – Работнички

Поради пандемијата со ковид-19 ќе има променет формат и сè до финалето ќе се игра по еден натпревар, а при нерешен резултат директно ќе се изведуваат пенали.

Натпреварите од првата рунда ќе се одиграат на 23 септември од 15:30 часот. Осминафиналните дуели ќе се одиграат на 21 октомври, а четвртфиналните пресметки на 25 ноември. Полуфиналето ќе се игра на 7 април, а мечот за трофејот на 19 мај.