Пелистер ќе дебитира во Првата лига против Академија Пандев

Во „Куќа на фудбалот“ со извлекување беше одреден распоредот на натпревари за новата сезона од Првата лига која треба да започне на 9 август.

Воведното коло стартува со дерби пресметка на стадионот Чаир. Домашниот Шкупи го пречекува тимот на Шкендија. Повратникот во нашата најдобра конкуренција, екипата на Пелистер го пречекува составот на Академија Пандев, додека Вардар, новото првенство го започнува со домашен меч против велешки Борец.

Прво коло:

Шкупи – Шкендија
Македонија Ѓ.П. – Работнички
Беласица – Силекс
Пелистер – Академија Пандев
Вардар – Борец
Ренова – Струга Трим Љум