Пелистер ќе игра на Чаир в сабота, а ќе суди Ецкоски

ФФМ ги одреди термините и судиите за мечевите од шестото коло од Првата фудбалска лига. Пелистер својот меч во Скопје против Шкупи во населбата Чаир ќе го игра в сабота од 15.30.

Во сабота на центарот на стадионот во Чаир ќе се најде Марјан Ецкоски од Охрид.

Екипата на Наум Љамчевски ќе се обиде да им се врати на позитивните резултати, откако во претходното коло загуби во Тетово од Ренова со 2-0.