Пелистер ќе игра против Ренова во осминафинале на Купот

Во „Куќата на фудбалот“ се одржа извлекување за осминафиналните натпревари од Купот на Македонија. Во оваа фаза од најмасовното натпреварување влегоа и екипите на Шкендија, Академија Пандев, Брегалница и Струга Трим Љум (ослободени во првото коло).

Осминафинале:
Академија Пандев – Вардар
Македонија Ѓ.П. – Каменица Саса
Шкендија – Гостивар
Шкупи – Кит Го
Кожуф – Силекс
Струга Трим Љум – Работнички
Брегалница – Беласица
Ренова – Пелистер

Осминафиналните дуели ќе се одиграат на 21 октомври, а четвртифиналните пресметки на 25 ноември. Полуфиналето ќе се игра на 7 април, а мечот за трофејот на 19 мај.