Пелистер ќе тестира во Охрид против албанскиот Партизани

Следува двонеделна пауза од клупскиот фудбал, бидејќи официјални натпревари ги чекаат сениорската и У21 репрезентација на Македонија.

Сепак, голем број клубови ќе бидат активни и ќе одиграат пријателски натпревари за контрола и јакнење на формата пред септемврискиот засилен ритам на натпревари во шампионатот и Купот. Битолски Пелистер закажа пријателски натпревар во Охрид против албанскиот прволигаш Партизани. Дуелот ќе се игра в среда на втори септември во  17:30 часот во Охрид,

Екипата на Зоран Штерјовски сезоната ја започна со пет бода по четири одиграни кола.