Петар Љамчевски донесе голем бод од Гостивар

Денешните резултати кои се постигнати во рамките на 21. коло од Втората фудбалска лига- Запад, најмногу реми дуели, на табелата не донесоа новини, а сите остануваат во игра за посакуваното второ место.

Дербито, Гостивар и Пелистер, кои се играше во Гостивар, заврши реми, 2-2, а “пелистерци“ на два пати израмнуваа. Голот водство го постигна Љама, мошне рано, во 13. минута, а со 1-0 се отиде на одмор.

Во второто полувреме во 52. минута израмни Благојче Главевски, а во игра во која Пелистер бепе подобра екипа. Но, само по пет минути во 57 минута, со голот на Скендери, гостиварчани ја повторно поведоа со 2:1. Кога се чинеше дека “пелистерци“ ќе го загубат натпреварот и битката за втото место на табелата, Петар Љамчевски, постигна постигна прекрасен гол во 88. минута, гол кој му носи бод на Пелистер.