Петар Љамчевски пак ќе го носи зелениот дрес на Пелистер

По Горан Ганчев и Ристе Марковски, битолчанецот Петар Љамчевски е новото засилување на фудбалскиот клуб Пелистер, откако извесен период, односно, есенскиот дел го помина во екипата на Силекс од Кратово, а ќе биде засилување, во средниот ред и нападот.

Договорот за враќање на Петар Љамчевски, кој го потвдри и претседателот на Пелистер, Пеце Стојчевски и спортскиот директор Менде Степановски, паднал попладнево, на радост на двете страни.

Петар Љамчевски е дете на Пелистер, а веста дека повторно ќе го носи зелено-белиот дрес сигурно ќе ги израдува навивачите на Пелистер, а ние можеме да му посакаме одлична пролет, да има забележителни настапи, а повредата која го мачеше да биде минато.