Пораз од Кораб и загубени шанси за бараж за Првата лига

На две кола пред крајот на Втората фудбалска лига екипата на Пелистер и теоретски ги изгуби шансите за пласман во Првата фудбалска лига. Во Прва лига директно влегува екипата на Струга Трим Љум, а во бараж за пласман во Првата лига ќе игра екипата на Лабуништа.

Пелистер на гости загуби од Кораб со 1-0. Стрелец на единствениот погодок на денешниот натпревар беше Ујкан Муча во 42. минута.