По еден гол во секое полувреме, Пелистер го надигра Кадино

Фудбалерите на Пелистер ја победија екипата на Кадино со 2-0 и освоија три нови бода со кои се зацврстија на првото место на табелата со 19 бодови, а победата ја донесоа Љамчевски и Анѓелевски кои погодија во прворо и второто полувреме. “Пелистерци“ ги имаа шансите на Главевски и Бошковски на стартот на натпреварот, но до водство чекаа повеќе од половина час, кога во 32. минута Благојче Љамчевски пласираше со левата нога како напаѓач, по десната страна за 1-0.

Одличен беше домашниот голман Трајчевски кој двапати му одбрани удари на Десниќ, првиот на крајот од првиот, а вториот на почетокот од вториот дел. Во второто полувреме повторно шанси за гол на Пелистер, најголемата шанса ја имаа во 75. минита Главевски и Маневски, кои излегоа сами пред Ивановиќ. Потоа по 10 мунути, повторно Маневски се обиде со глава во 85. минута, по центрашутот на Неданоски, но неговиот удар заврши крај дирекот.

Победата ја потврди Дарко Анѓелески со ефектен гол со глава во 90. минута по одличниот центрашут на Љамчевски. Пелистер е лидер со 19 бода, пред Дрита со 15 и Лабуништа со 14 бода, кои се поразени со ова коло

.Следното деветто коло се игра следната недела од 14:30 часот.