Работнички се извлече во Битола, Љамчевски промаши пенал

Фудбалерите на Пелистер, како и во натпреварот од првенството промашија пенал и не успеаја да ја победат екипата на прволигашот Работнички, иако имаа водство од 1-0, а на резултат 1-1 промашија пенал, овој пат Љамчевски.

Фудбалерите на Пелистер одиграа добро, борбено во првиот осминафинален натпревар од Купот на Македонија, пред 500 гледачи, кои ќе жалат а пропуштената победа.

Пелистер поведе во 39. минута, со голот на Благојче Главевски, по корнер од десната страна на капитенот Благоја Љамчевски, со глава ја заковата топката во мрежата на Јанков. Кога Пелистер ја имаше иницијативата по грешка на одбраната Шаркоски и со лоб удар го матира Трајчевски за 1-1.

Во 80. минута Ацковски играше со рака во казнениот простор, а пеналот капитенот Благоја Љамчевски, не го претвори во гол за водство, туку ја погоди пречката.