Реми без голови во Дебар за пелистерци

Кораб – Пелистер 0-0

Екипата на Пелистер се враќа непоразена од Дебар играјќи нерешено, без голови, со што останува непораз во пролетниот дел од Втората фудбалска лига.

Сега по ова реми Пелистер се приближи на само два бода до второпласираната екипа на Лабуништа, а со него заедно со по 26 бода се и екипите на Гостивар и Скопје.