Нерешен резултат на Пелистер против лидерот Струга Трим Љум

Пелистер – Струга Трим Љум 1-1 (о-1)

Екипата на Пелистер не успеа да го победи лидерот на табелата екипата на Струга Трим Љум, а по ремито 1-1, само им го честита големиот успех, пласманот во Првата фудбалска лига, на две кола пред крајот.Двете екипи имаа свој период од играта, а екипата на Струга Трим Љум го имаше првиот дел кога поведе во 37. минута со 1-0 со голот на Дејан Цветаноски.

Пелистер подобро почна во вториот дел, кога Дарко Крстески ги внесе Исмаили и Наумоски. Дури и „зелените“ постигнаа израмнувачки гол, но истиот беше поништен заради недозволена позиција. По половина од играта во вториот дел битолчани ја материјализираа превласта и израмнија со прекрасната дијагонала на Филип Бошковски.