Реми на Пелистер против Партизани на тестот во Охрид

Попладнево во Охрид на стадионот “Билјанини Извори“, во пријателски натпревар Пелистер и Партизани Тирана одиграа 1-1. Во интересен и квалитетен меч, гостите од Албанија со голот на Соломон во 18. минута поведоа со 1-0. Пелистер израмни преку Алдаир Нето десет минути подоцна со што го постави конешниот резултат.

Ова за Пелистер беше одлична контрола во екот на паузата момците на стратегот Зоран Штерјовски да останат во потребната форма. Пелистер играше со комбиниран тим и без Хот, Пејаковиќ, Спиркоски и Кочоски, а Фазлију е дел од У21 репрезентацијата на Македонија.

Партизани ќе игра уште еден тест-дуел против македонски прволигаш, кога в сабота ќе ги одмери силите со Струга Трим Љум, а Пелистер се враќа во Битола и започнива со подготовка на натпреварот против Македонија Ѓорче Петровод петтото коло.