Ристе Маркоски е нов член на Пелистер

Управата на фудбалскиот клуб Пелистер ги интензивира преговорите со фудбалерите на кои смета да бидат засилување на тимот за пролетниот дел.

Денес претседателот на Пелистер, Пеце Стојчевски, и спортскиот директор, Менде Степановски, ги завршија преговорите до Ристе Маркоски и тој веќе е член на ФК Пелистер.

Ристе Маркоски доаѓа од прилепска Победа, каде настапуваше во есенскиот дел, а во Пелистер ќе игра во средниот ред.