Сите тестови негативни, Пелистер спремен за почеток на подговотките

Откако во средата и четвртокот беше извршено тестирањето на ковид-19 на сите фудбалери, стручниот штаб, целиот логистички тим и Управниот одбор, ФК Пелистер е подготвен за старт на подотовките за сезоната 2020/21.

Сите тестови се негативни и Штерјовски и пелистерци утре попладне од 16:30 часот ќе ги „запалат моторите“ и ќе ги стартуваат подготовките за новите предизвици. На првиот тренинг ќе се појават трите засилувања Талески, Илиески и Танушев.

Управниот одбор на ФФМ го усвои календарот за натпреварувачката сезона 2020/21. Согласно календарот за натпреварување, Првата лига ќе започне на 9 август 2020 година. Првото коло од Купот на Македонија ќе се игра на 23 септември 2020 година.